Смит: Го погледнав Леброн и застанав

Од:

Кошаркарот на Кливленд, Џеј-Ар Смит, објасни за што размислувал во последните моменти од четвртата четвртина од првото финале против Голден стејт и откри зошто не шутирал за победа на својата екипа.

Голден стејт победија со 124:114 по продолженија на првиот натпревар од финалната серија.

Натпреварот го одбележа несфатливата грешка на Смит, кој во одлучувачките моменти стана предмет на потсмев во светската кошаркарска јавност.

Кошаркарот на Кливленд ја имаше топката на 4,5 секунди до крајот на регуларниот дел од натпреварот при резултат 107:107, но изненадувачки ја задржа топката додека не истече времето, наместо да шутира кон кошот или да додаде на некој од соиграчите.

– Се обидував да направам простор за да имаме можност за шут. Го погледнав Леброн, кој се обидуваше да побара тајм-аут, па затоа само застанав. Тогаш натпреварот беше готов. Знаев дека резултатот е израмнет, но бев сигурен дека нема да шутирам. Имавме неколку шанси да победиме, но… игравме добро, истакна Смит.

Но на снимката од натпреварот сепак се гледа дека Смит не е сигурен кој е резултатот на семафорот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот