Словенија прв финалист во Европската лига

Од:

Одбојкарската репрезентација на Словенија е првиот финалист во Европската лига откако попладнево ја совлада Полска со 3:0 во сетови (75:57 на поени) за 82 минути. Резултат по сетови: 25:15; 25:21 и 25:21.

Со оваа победа Словенија ја продолжи серијата од десет победи, кои ги имаше во групата.

Во второто полуфинале, од 20 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Естонија.

Словенија со победникот од второто полуфинале утре ќе игра во финалето од 20 часот, додека Полска со поразениот ќе игра во дуелот за 3.место.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ