Репрезентацијата на Словенија успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во одбојка, чија завршница се одржува во Софија. Попладнево во полуфиналето Словенија направи уште едно изненадување откако го победи фаворитот Италија со 3:1 во сетови (25:13; 23:25; 25:20 и 25:20). Натпреварот траеше два часа.
Претходно во четвртфиналето Словенија ја елиминираше и репрезентацијата на Полска, која е актуелен светски првак. Инаку, Словенија е актуелен освојувач на Европската лига, откако летово ја победи Македонија.
Во второто полуфинале од 19:45 часот ќе играат Бугарија и Франција.