Словенија противник на Македонија на Европското првенство за кадетки во ракомет

Од:

Женската кадетска репрезентација на Македонија (ракометарки до 17 години) вечерва во рамки на 2. коло од Европското првенство што се одржува во Скопје ќе игра против селекцијата на Словенија.

Нашиот ривал вчера во 1.коло ја победи Чешка со 39:33, додека Македонија беше убедливо поразена од Шведска со 32:16. Натпреварот Македонија – Словенија се игра со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Во А групата денеска се игра и дуелот Чешка – Шведска.

Во групата Б на програмата се дуелите: Шпанија – Русија и Германија – Романија.

Ц група двојки за 2.коло: Холандија – Португалија и Хрватска – Франција.

Во Д групата ќе играат: Словачка – Данска и Унгарија – Норвешка.

Табела А група: Шведска 2 бода, Словенија 2, Чешка 0, Македонија 0.
Табела Б група: Романија 2, Русија 2, Германија 0 ,Шпанија 0.
Табела Ц група: Франција 2, Хрватска 2, Холандија 0, Португалија 0.
Табела Д група: Норвешка 2, Данска 2, Унгарија 0, Словачка 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска