Скопје по петти пат организатор на турнир во одбојка на песок

Од:

Градот Скопје и Одбојкарската федерација на Македонија од 25 до 27 јули ќе го организираат петтиот по ред Меѓународен одбојкарски турнир на песок. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешната прес-конференција изрази задоволство што оваа манифестација стана традиционална, а преку неа Скопје влезе во мапата на европските градови во кои се играат најквалитетните турнири во одбојка на песок.

– И оваа година Град Скопје ќе биде покровител на Меѓународниот одбојкарски турнир на кој покрај македонските ќе настапат 16 странски двојки од речиси сите балкански држави. Оваа манифестација е значајна поради тоа што со неа се збогатува летната понуда на спортски настани и ќе овозможи граѓаните да уживаат во квалитетни натпревари на отворено, рече Трајановски.

Градоначалникот информира дека Градот Скопје го помогна овој турнир со 400 илјади денари, а останатите средства ги обезбедија спонзорите ЕЛЕМ, МЕПСО, Алкалоид и Пивара Скопје. Наградниот фонд за победниците е пет илјади евра.

– Се трудиме секоја година да го подигнеме нивото на овој турнир. Се надевам дека следната година ќе бидеме еден од организаторите на Челинџ натпреварите и со тоа официјално ќе влеземе во оние европски стандарди на организирањето на вакви турнири, посочи скопскиот градоначалник и упати апел до жител на главниот град во голем број да ги проследат натпреварите на игралиштата на кејот на реката Вардар.

Во петок натпреварите ќе се играат од 18 до 24 часот, а во двата дена од викендот ќе има двојна програма, претпладне од 9 до 13 часот и навечер од 18-24 часот. Претседателот на ОФМ Петар Јовановски и генералниот секретар Зоран Карановиќ очекуваат неизвесни натпревари и во машка и во женска конкуренција.

– Одбојката на песок има голем замав во светот, а со ваквите турнири ја промовираме и во нашата земја, истакна Јовановски.

На овој турнир покрај Македонија учество веќе потврдија екипи од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска, а се чека потврда и од грчки екипи.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ