ŠKODA повтроно ја одбрани WRC 2 титулата

Од:

На годишната прес конференција на ŠKODA Motorsport во Прага се прослави освојувањето на WRC 2 Шампионатот за возачи, како и за совозачи трет пат по ред, и освојувањето на WRC 2 Тимскиот Шампионат за четврта година по ред. Возачите на ŠKODA, Јан Копески, Понтус Тидеманд и Кале Рованпера ги зазедоа првите три места во финалето на WRC 2, одбележувајќи ја 2018 година како најупешната година во историјата на ŠKODA Motorsport

Но, ŠKODA тимот не собра победи и титули само на Светското Рели Првенство на ФИА. Приказната за успехот на чешкиот бренд се рашири низ целиот свет. Собирајќи победи во сите пет натпреварувања, еден тим доминираше во азиско-пацифичкото рели првенство ФИА 2018 (APRC) со возачот Јуја Сумијама и навигаторот Такаширо Јасуи од Јапонија. Достигнувањата на нивниот тим „Куско“ продолжи успешно, а поддржувачките тимови на ŠKODA Motorsport славеа и изминатите години во азиско-пацифистичкиот регион. Со атмосферскиот ŠKODA FABIA S2000, од 2012 до 2014 година ŠKODA го постигна APRC хет-трикот, а следните години чешкиот бренд додаде четири титули по ред со турбо моторот на ŠKODA FABIA R5.

Манвир Синг Барјан и Дру Стурок го освоија Азиското Рели Првенство ФИА.

По освојувањето на Јужно Американското Рели Првенство на ФИА во 2013, 2016 и 2017 година, ŠKODA тимот составен од Густаво Саба и Фернандо Мусано беа повторно најуспешни. Покрај нивните три победи, тие се искачија и на првото место во CODASUR категоријата на Светското Рели Првенство ФИА во Аргентина.

Во Европското Рели Првенство на ФИА, трите најдобри позиции од категоријата за возачи до 28 години, беа освоени од возачите на ŠKODA FABIA R5, а за успехот да биде комплетен, 17 национални првенства беа освоени исто така од тимовите на ŠKODA.

Преглед на титули и првенства освоени од тимовите ŠKODA во 2018 година:

Светското рели првенство ФИА (WRC 2)

  • ФИА WRC 2 шампионат за возач и совозач: Јан Копески и Павел Дреслер (CZE / CZE)
  • ФИА WRC 2 тимски шампионат: ŠKODA Motorsport

Азиско-пацифичкото рели првенство ФИА (APRC)

  • Шампионат за возач и совозач: Јуја Сумијама и Такаширо Јасуи (JPN/JPN)
  • APRC куп за производители: ŠKODA
  • APRC тимска награда: тим Куско

Јужно американско рели првенство ФИА (CODASUR)

  • Шампионат за возач и совозач: Густаво Саба и Фернандо Мусано (PRY/ARG)

Африканско рели првенство ФИА (ARC)

  • Шампионат за возач и созач: Манвир Синг Барјан и Дру Стурок (KEN/GB)
  • Куп на ARC производител: ŠKODA

Европско рели првенство ФИА, У28 категорија (ERC)

  • Шампионат за возач и совозач: Николај Грјазин и Јарослав Федоров (RUS/RUS)

 

Платен ПР текст

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска