За левото крило на Вардар, Сираба Дембеле ова ќе биде последна сезона во клубот. По три сезони минати во Вардар, на Дембеле во јуни 2016 година и истекуваат одврските од договорот, по што таа е слободен играч.
Клубот и понуди нов договор на Дембеле, но ракометарката изрази желба кариерата да ја продолжи на друго место, по завршување на сезонава.
– И покрај нашите намери да ја задржиме во клубот, задоволни од досегашните нејзини настапи, Дембеле изрази желба да замине. Ние ја почитуваме нејзината волја, и и посакуваме многу среќа во нејзината кариера. Таа е пример за професионален играч кој максимално се посветува на обврските и дава се од себе за постигнување на добри резултати. Задоволство е секогаш да се работи со такви играчи, вели Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.
Дембеле дојде во Вардар во 2013 година и како дел од екипата двапати настапуваше на Ф4 турнирите од Лигата на шампионите во Будимпешта каде „црвено-црните” двапати го освојуваа третото место. Минатата сезона беше избрана и како дел од идеалната седморка во Лигата на шампионите.