Синер победи за Ѓоковиќ

Од:

Јаник Синер стигна до финалето на Мастерсот во Синсинати и со тоа му помогна на Новак Ѓоковиќ.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Американецот Френсис Тиафо се пласираа во финалето на Мастерсот во Синсинати, откако во полуфиналето ги победија Германецот Александар Зверев и Дане Холгер Руне.

Светскиот рекет број 1 стана првиот Италијанец во финалето на Синсинати по повеќе од три часа борба против Зверев и победи со резултат 7:6 (11:9), 5:7, 7:6 (7:4).

А Тијафо победи против Руне во три сета по голема борба и повеќе од два часа игра 4:6, 6:1, 7:6 (7:4).

Финалето е закажано на полноќ меѓу понеделник и вторник.

Ова беше важно и за Новак Ѓоковиќ. На српскиот тенисер му се закани Зверев, кој ќе го престигне на второто место на АТП листата доколку случајно го совладаше Синер и се пласираше во финалето.

Би можело да ве интересира

Синер го освои последниот Мастерс за прв пат во кариерата

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Бен Ротенберг ја „собори“ одбраната на Синер

Предраг Петровиќ