Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, денеска го објави списокот од 19 ракометарки кои се повикани на првиот тренинг на репрезентацијата, закажан за 1 октомври во Скопје. На списокот на Симовски има неколку ракометарки од младинската селекција од кои се очекува во идните квалификациски циклуси да бидат носители на играта.
На списокот на Симовски се наоѓаат:
Голмани:
1. Антиќ Наташа МЕТАЛУРГ
2. Петковска Драгана ВАРДАР
3. Серафимова Матеа МЕТАЛУРГ
4. Ладева Нина ВАРДАР
Крила:
5. Саздовска Јована МЕТАЛУРГ
6. Митова Сара ВАРДАР
7. Нолевска Наташа ВАРДАР
8. Ристовска Сара ВАРДАР
Бекови:
9. Јовановска Дајана МЕТАЛУРГ
10. Керамичиева Теодора ВАРДАР
11. Тодоровска Ангела ВАРДАР
12. Белеска Андреа МЕТАЛУРГ
13. Ливриниќ Елена МЕТАЛУРГ
14. Ѓорѓиевска Душица ЗААНОССПОР -ТУРЦИЈА
15. Стојановска Симона ВАРДАР
16. Десподовска Зорица РОЗЕНГАРТЕН – ГЕРМАНИЈА
17. Ѓорѓиевска Елена БАЈА МАРЕ-РОМАНИЈА
Пикери:
18. Николиќ Марија МЕТАЛУРГ
19. Гакидова Ивана БАНИК МОСТ – ЧЕШКА.
Македонија во квалификациите за Европското првенство 2016 се наоѓа во група со Црна Гора, Словенија и Хрватска. Првиот натпревар го игра на 7 октомври против Црна Гора на гостински терен, додека втората средба ќе се игра во Скопје на 10 октомври кога противник ќе ни биде Хрватска.
Првите две пласирани селекции обезбедуваат настап на ЕП што ќе се игра во Шведска.