Симовски повика 22 ракометарки за ЕХФ националната недела

Од:

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки повикани за подготовки за време на ЕХФ националната недела кој ќе трае од 13 до 19 март.

Симовски се реши за 22 ракометарки, кои ќе се подготвуваат за квалификацискиот двомеч против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија 2017. Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра на средината на јуни 2017 година.

Првиот собир ќе се одржи во Спортската Сала „Автокоманда“ во Скопје, на 13 март 2017 (понеделник) со почеток од 10:00 часот.

Повика добија следниве ракометарки: Матеа Серафимова, Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Наташа Антиќ, Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Елена Георгиевска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Душица Георгиевска, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристевска, Наташа Нолевска, Марија Прленда, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска