Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави поширокиот список од 18 ракометарки кои ќе бидат во комбинација за двата натпревара против Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2016.
Првиот натпревар на 10 март Македонија ќе го го игра на гостински терен во Марибор, додека втората средба е само два дена подоцна, на 12 март во Скопје.
На списокот на Симовски се наоѓаат:
Наташа Антиќ,
Драгана Петковска,
Матеја Серафимова,
Нина Ладева,
Јована Саздовска,
Сара Митова,
Наташа Нолевска,
Сара Ристовска,
Дајана Јовановска,
Теодора Керамичиева,
Андреа Белеска,
Елена Ливриниќ,
Симона Стојановска,
Елена Ѓорѓијевска,
Габриела Величковска,
Стефанија Мишевска,
Марија Николиќ и
Ивана Гакидова.
Македонија и Словенија моментално се без бодови во каде се уште и Хрватска и Црна Гора, со што за очекување е дека токму овие меѓусебни дуели ќе ја решат борбата за третото место.
Според системот за натпреварување, само најдобрата третопласирана репрезентација од вкупно седумте групи патува на ЕП, но засега, по две одиграни кола во квалификациите, ниту една од третопласираните селекции нема освоено бод.