Симоне Пафунди собори рекорд стар еден век

Од:

Италијанската фудбалска репрезентација, синоќа во Тирана, во пријателски натпревар, ја совлада Албанија со 3:1.

Овие две репрезентации нема да играат на Светското првенство поради што го искористија овој термин да одиграат контролен меч. Многу повеќе со составот комбинира италијанскиот селектор Роберт Манчини.

На натпреварот во Тирана дебитира фудбалерот на Удинезе, Симоне Пафунди, кој влезе во историјата на италијанската репрезентација. Со 16 години и 247 дена Пафунди стана најмладиот дебитант во историјата на Италија во последните 100 години, а вкупно трет најмлад досега.

Во Серија А досега одигра само 22 минути, но одличните настапи во репрезентацијата до 17 години, каде што на пет меча постигна четири гола, му беа билет за сениорскиот тим на Италија.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Роберто Манчини повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Манчини: Македонија? Најтешкиот противник од четвртиот барабан

Манчини: Нема да биде лесно против Македонија

А1он

Манчини: Многу тешка жрепка за нас

А1он

„Пандорините документи“ ги исфрлија и активите на Манчини и Виали на Британските Девствени Острови

А1он