Македонската скијачка Лидија Симјановска, доби шанса да се натпреварува во велеслаломската трка на Светското првенство во алпски дисциплини што се одржува во Сент Мориц. Согласно правилата секоја земја може да пријави по еден натпреварувач во финалето доколку истиот ја завршил квалификациската трка.
16-годишната скијачка од Македонија на вчерашните квалификации го освои 46.место со време 2:24.92 минути или заостанување од 25.14 зад првопласираната.
Велеслаломот ќе се одржи на 16.февруари (четврток), а Симјановска треба да настапи и во квалификациите во слаломот следниот ден.
На Светското првенство Македонија во машките дисциплини ќе ја претставуваат шест скијачи (Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари, Воислав Синадиновски, Марјан Нашоку и Виктор Петров), кои ќе настапат во квалификациите во велеслалом (16.февруари) и во слалом (18.февруари).