Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по синоќешниот триумф над Ливерпул ги сподели своите впечатоци од изданието на голманот Јан Облак.
Атлетико победи по продолженија со 3:2, а Облак во неколку наврати го спасуваше својот тим.
– Не се сомневам дека Облакот е најдобриот голман на светот. Јан е неверојатно важен за нас, како Савиќ, Феликс, Фелипе…. Атлетико го има најдобриот голман на светот – тоа е како Меси што го има Барселона, тој го прави резултатот,изјави Симеоне.