Силвер: Не ми се допаѓа што Дурент побара трансфер

Од:

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, најави дека челниците на натпреварувањето набргу ќе заземат став во врска со сè почестите барања на кошаркарите да бидат разменети во други франшизи.

На Силвер особено не му се допадна барањето на Кевин Дурент, кој од Бруклин побара трејд во ситуација кога една од најголемите ѕвезди во НБА има да одработи уште четири години од договорот со Нетс.

Запрашан што мисли за случајот со Дурент и другите играчи, меѓу кои е и соиграчот на Дурент – Кајри Ирвинг, Силвер јасно ја посочи позицијата на луѓето од раководството на НБА.
„Не сакаме да гледаме играчи што бараат трансфери. Би сакал нивниот главен фокус да биде на теренот“, изјави Силвер.

Раководните лица во НБА мислат дека играчите сè повеќе ја злоупотребуваат ситуацијата и бараат премногу често да се тргуваат со нив.

Затоа на следниот состанок ќе се разговара на таа тема за да се најде адекватно решение, кое ќе биде вметнато во колективниот договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on