Шведска пресилна за „црвено-жолтите“

Од:

Македонскиот женски национален тим во ракомет беше поразен од Шведска со 26:35 (13:20) во првото коло од квалификациите за Европското првенство кое се игра следната година.

Швеѓанките ја оправдаа фаворитската улога, од минута во минута ја зголемуваа разликата, имаа и двоцифрена разлика, а на крај извојуваа победа од девет гола разлика. Во тимот на селекторот Симе Симовски, најефикасна беше Сара Ристовска со пет погодоци, Симона Стојановска и Елена Ливриниќ постигнаа по четири, а Елена Ѓорѓиевска, Ивана Гакидова и Ангела Јанкуловска по трипати ја тресеа мрежата на противникот.

Во второто коло, нашите ракометарки во „Борис Трајковски“ ја пречекуваат Чешка, која на стартот ја надигра Португалија со 31:20.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он