Легендата Михаел Шумахер има нов дом. Списанието „Бунте“ објави дека Шуми го поминал 50-тиот роденден на 3 јануари во одморалиштето Порт д’Антрач на островот Мајорка.
Според публикацијата, пред Божиќ, Шуми бил транспортиран со хеликоптер во луксузна вила на западниот брег на островот. Семејството го поминало Божиќ и Нова Година таму.
„Бунте“ тврди дека Шумахер бил забележан на терасата на вилата, завиткан во темно кафеаво ќебе.
Во вилата исто така беа префрлени вработените во персоналот, кој се грижел за Шумахер.
Имотот бил купен од семејството во јули 2018 година за околу 30 милиони евра. Таа и шпанското сонце сега треба да помогнат во третманот на седумкратниот шампион во Формула 1.