Шумахер почнал да го препознава семејството

Од:

Седумкратниот шампион во Формула 1, германскиот возач Михаел Шумахер, почнал да ги препознава членовите на своето најблиско семејство, но се уште не може да зборува, пишуваат европските весници, повикувајќи се на едно интервју на поранешниот возач Филип Страјф.

– Можеби еден ден, Шумахер ќе може да оди со помош на патерици, рекол овој некогашен тркач во возилата Формула 1.

Ова е прв пат, по тешкиот инцидент во француските Алпи, од 29 декември минатата година кога Шумахер за време на скијањето падна и се удри со главата во поголем камен крај патеката, да се тврди дека популрниот „Шуми“ позабрзано се опоравува.

Страјф е поранешен возач на Рено, Лижије, Тајлер и на АГС кој во 1989 година имаше тежок инцидент за време на еден тренинг, по што остана трајно прикован за инвалидска количка.

Тој тврди дека му е пријател на Шумахер и дека за закрепнувањето на Германецит зборувал со неговата сопруга и со францускиот неурохирург Жерар Сеилан, кој и нему му помагал по тешката повреда од пред 25 години.

Оптимизот на Страјф го отфрли менаџерот на германскиот автомобилист, Сабине Кем која изјави дека не може да ги потврди тврдењата за напредокот на Шумахер.

– Претстои долга битка за опоравувањето на Шумахер, изјавила Кем, повторувајќи ја истата формулација која таа и порано ја има користено.

Според нејзиното објаснување, Страјф и Шумахер не се пријатели, а Кем тврди дека инвалидизираниот возач не контактирал со ниту еден член на семејството, ниту пак разговарал со лекарот Сеилан.

– Не знам од каде му се сите овие информации, но знам дека тој со нас не бил во контакт, рекла менаџерката Кем.

Ова не е прв пат семејството на Шумахер или неговото најблиско опкружување, да ги отфрлаат како неточни и непотврдени, сите информации околу неговото опоравување, инсистирајќи на приватноста и на потребата тој да се закрепнува без никаков публицитет.

Би можело да ве интересира

Жан Тод два пати месечно оди во посета кај Шумахер, заедно гледале Ф1 трки

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Шумахер ќе биде опериран во Франција, докторите се надеваат дека ќе го вратат во нормала

А1он

Првото Ферари на Шумахер ставен на аукција

Ана Ололовска

Италијански неврохирург: Шумахер е непрепознатлив

Ана Ололовска