Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаил Шумахер пред две години имаше тешка несреќа, додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Тој помина половина година во кома и претрпе неколку сложени мозочни операции. Од тогаш досега, шампионот се наоѓа во тешка состојба.
Милионите фанови на Германецот успеаја да добијат ретка, но веродостојна информација за состојбата на пилотот.
Весникот Giornale информира дека технички гледано Михаел е буден, што значи дека очите му се отворени, но сепак не распознава ништо околу себе.
Неговото семејство го ставило пред телевизорот за време на трка од Формула 1, но и тоа не успеа да го натера да изреагира, напиша весникот, кој важи за исклучително авторитетен и сигурен извор на вести од Формула 1.
Михаел Шумахер без сомнение беше еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултат, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).