Шумахер ќе вози со Фетел во „Трката на шампионите“

Од:

Шампионот во Формула 3, Мик Шумахер ќе учествува во „Трката на шампионите“, која ќе се одржи во јануари 2019 година. Шумахер ќе биде во тандем со Себастијан Фетел за „Купот на нациите“, претставувајќи ја Германија.

Шумахер помладиот ќе ја продолжи традицијата на својот татко – легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – и на Фетел, кои имаат шест последователни победи како тим на „Трката на шампионите“ во периодот 2007 – 2012.

– За мене е чест да влезам во оваа трка, која татко ми многу ја сакаше и во која крена високо границата заедно со Себастијан. Ќе се забавувам, но во исто време ќе дадам се за да победам во индивидуалното натпреварување, како и во тимот со Фетел, прокоментира Мик Шумахер.

„Трката на шампионите“ (RoC) ќе се одржи на специјално создадена за настанот писта во близина на трибините на Ф1 патеката во Мексико Сити на 19 – 20 јануари. Претседателот на натпреварувањето, Фредрик Џонсон изјави дека влегувањето на младиот Шумахер во трката ќе биде многу емотивен момент поради историјата на неговиот татко Михаел.

– Дури не можеме да опишеме колку сме среќни од веста. Неговиот татко е наш пријател многу години. Ние продолжуваме да му посакуваме успех во рехабилитацијата. Возбудени сме да видиме што може да покаже Мик со идентични автомобили. Кога Мик ќе застане до Фетел сигурно ќе биде многу емотивен момент, вели Џонсон.

Во првото издание на „Трката на шампионите“ по ски инцидентот на Михаел Шумахер, немаше германски тим. Потоа Фетел се здружи со Нико Хулкенберг и Паскал Верлејн. Во 2017 година Фетел сам го освои тимското првенство откако Верлејн заработи повреда уште при индивидуалното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Шумахер бара нов тим

Синот на Михаел Шумахер на 11 октомври ќе дебитира во Формула 1 во неговата татковина

Жарко Настоски

Синот на Шумахер побрз од Хамилтон

Предраг Петровиќ

Мик Шумахер може да стане тест пилот на Ферари

Наум Локоски