Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер рехабилитацијата ќе ја продолжи на приватна клиника во Лозана, а патот од Гренобл го поднел многу добро.
Семејството на Шумахер во понеделник објави дека легендарниот Германец се разбудил по 169 дена поминати во кома, поради несреќата во Франција.
Според информациите на германските и швајцарски медиуми, тој бил буден при транспортот од Гренобл во Лозана, кој бил извршен во тајност.
Како што пренесе „Билд“, Шумахер со амбулантно возило бил пренесен во Лозана, а не со хеликоптер, како што се шпекулираше. Дури и возачите кои што учествувале во транспортот не знаеле кого возат, бидејќи тој бил пренесен под лажно име, за да се заштити неговата приватност.
Клиниката во која што е сместен се наоѓа на околу 30 минути возење од неговиот семеен дом.
Е. Г.