Домашниот ски-скокач Камил Штох победи на денешниот натпревар во Закопане, Полска. Двојниот олимписки победник до првото место дојде со скокови од 134 и 133 метри или вкупно 276,2 поени.
Стефан Крафт од Австрија го освои втрото место со 273,9 бодови и скокови 133 и 133,5 метри.
На победничкиот подиум се искачи и Северин Фројнд од Германија кој зад победникот заостана 9,1 бод (131 и 133 метри).
Пласман во Генералниот пласман од Светскиот куп: Крафт 877 поени, Михаел Хајбек (Австрија) 799, Петр Превц (Словенија) 764, Фројнд 753,…
Следниот викенд скокови во рамките на Светскиот куп ќе се одржат во Јапонија.