Сега кога Норвешка отпадна, конечните кандидати кој ќе биде домаќини на Зимските Олимписки игри во 2022 остануваат Кина и Казахстан
Наведувајќи финансиска загриженост, минатата недела Норвешка колебливо го најави своето излегување од олимпискиот тендер за игрите во 2022 година. Гласањето во владата против обезбедување на финансиско покривање за овој тендер значи дека Осло ќе го следи примерот на Стокхолм, Краков и Лвов, кои се повлекоа од обидот на бидат домаќини.
Како одговор на вестите кои беа објавени на норвешката телевизија, премиерот Ерна Солберг не може да го сокрие впечатокот дека понудата на Осло од 5,4 милијарди долари, на крајот излегува како брутално прекината тинејџерска забава. „Олимписките игри треба да бидат големи, треба да бидат забава, но има многу други поважни нешта со кои треба да се справиме“.
По овој развој на настаните остануваат два интересни кандидати : Пекинг, Кина и Алма Ата, Казахстан. Кога веќе Катар ќе биде домаќин на Светскиот фудбалски куп во 2022 – и покрај големите контроверзи околу него – наглото повлекување на Осло значи дека 2022 ќе биде „Година на авторитарни земји домаќини“.
– Јавноста ќе стане свесна од фактот дека долгорочните економски бенефити од органзирањето на мега-настани како што се Олимписките игри или Светскиот куп, се во најдобар случај занемарливи“, напиша Џошуа Китинг по повлекувањето на Краков во мај. „Тоа значи дека малку демократски држави ќе се кандидираат, а оние кои ќе го сторат тоа, како што е Бразил, ќе го прават тоа се соочат со силнораспространето противење на народот“.
Но, љубопитноста не застанува тука. Прво, да го земе предвид Пекинг. Организацијата на Летните олимписки игри во 2008 остави многу ветувања неостварени, откако земјата беше повикана да ги подобри човековите права пред одржувањето на игрите. Пекинг не само што нема планини, туку е и помалку од 700 милји одалечен од Пјончанг, Јужна Кореја, каде ќе се одржат Зимските игри во 2018 година, и околу 1,300 милји од Токио, кој ќе биде домаќин на Летните Олимписки ирги во 2020 година. Пекинг исто така ќе биде првиот град во историјата кој бил домаќин и на летни и на зимски игри. И покрај овие очигледни спротивности, Кина има тони кеш и силна воља да ги троши.
Но, тука е и Алма Ата. Казахстан можеби има планини, но дефинитивно нема кеш. Членот на Олимпискиот одбор на Казахстан, Андреј Крјуков, преку Дејзи бел на почетокот на годинава за Ројтерс рече: „Немаме голем буџет за ова“.
Ситуацијата со човековите права во Казахстан исто не е баш сјајна под претседателот Мурсултан Назарбаев, кој е на власт уште од распадот на Советскиот сојуз пред повеќе од 20 години. Ако биде избрана, Алма Ата ќе биде можеби најопскурниот град домаќин досега, и првиот во Централна Азија.
Но ако Пекинг успее, а Алма Ата испадне, игрите во 2022 ќе бидат првите Олимписки игри чиј домаќин ќе биде избран „со доцнење“ (со исклучок на главно бојкотираните игри во 1984 година во Лос Анџелес). Излегува како ова да е во ред. Ако треба да се донесе некаква одлука до 2015 година, Меѓународниот Олимписки Комитет тоа ќе го стори следниот јули.
Атлантик – Вашингтон