Голманот на Вардар Арпад Штербик со одличното свое издание на саботниот дуел со Нант си обезбеди место во најдобриот тим на 2.коло од ракометната Лига на шампиони.
Штербик во победата на „црвено-црните“ (27:23) учествуваше со 13 одбрани од кои два беа седмерци за противникот.
Најдобар тим во изборот на ЕХФ за 2.коло од ЛШ:
голман: Арпад Штербик (Вардар)
лево крило: Валеро Ривера (Барселона)
лев бек: Карел Биелицки (Киелце)
среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)
десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем)
десно крило: Матјаж Брумен (Горење)
пивотмен: Бјарн Мирхол (Скјерн).