Штербик: Резултатот е фер, а Ангелов беше брилијантен

Од:

Вардар вчеравечер во СЕХА лигата одигра нерешено 28:28, на еден од најтешките терени во Европа, во Веспрем и тоа во драматична завршница. Во таборот на македонскиот првак се задоволни со ремито, а сите пофалби одат за Петар Ангелов.

Тренерот Раул Гонзалес и првиот голман Арпад Штербик, на прес-конференцијата по натпреварот изразија задоволство од освоениот бод и од играта на Вардар. И двајцата се согласија дека одличен во првото полувреме беше Петар Ангелов.

– Честитки за Веспрем, тие се одличен тим. Во првото полувреме почнавме многу добро, Ангелов беше извонреден, а јас задоволен од нашите контри. Среќни сме со резултатот и со првото место на табелата, изјави Раул.

Штербик потсети на неодамнешните лоши искуства од Лигата на шампионите, со Киелце и со Рајн-Некар, потенцирајќи дека поради тоа овој бод е уште поважен.

– Дојдовме во Веспрем по два пораза едноподруго и среќен сум што нашиот тим одигра добар натпревар по тие порази. Сите знаат дека не е лесно да се игра во Веспрем. Резултатот од натпреварот е фер, ние бевме подобри во првото полувреме, а за тоа помогна многу брилијантниот Ангелов. Во второто полувреме Веспрем играше подобро, но успеавме да изедначиме, рече Штербик.

Следниот меч од регионалното натпреварување ракометарите на Вардар го играат в сабота, против Цеље, во Скопје.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска