Победата на Вардар против европскиот првак Кјелце (40:34) не остана незабележана од страна на ЕХФ, па Арпад Штербик и Игор Карачиќ се најдоа меѓу најдобрите седум играчи во 6.коло на Лигата на шампионите.
Штербик имаше 16 одбрани, а Карачиќ постигна девет голови на средбата.
Голманот на Вардар доби уште едно признание ова коло, ја имаше најдобрата одбрана. Онаа од пенал на Матеуш Кус во второто полувреме.
Според ЕХФ, навивачите на Вардар се најдобри ова коло во ЛШ.
Најдобри седум играчи на колото во изборот на ЕХФ:
лево крило – Џери Толбринг (Кристијанштад),
лев бек – Момир Илиќ (Веспрем),
центар – Игор Карачиќ (Вардар),
десен бек – Недим ремили (ПСЖ),
десно крило – Мариус Штајнхаусер (Рајн Некар),
пивотмен – Јулен Агинагалде (Кјелце),
голман – Арпад Штербик (Вардар).