Штербик и Дибиров го предводеа Вардар до значајна победа

Од:

Ракометарите на Вардар со победа ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите, откако синоќа на гостувањето кај Целје, остварија тешка но важна победа со  27:26 (12:12).

„Црвено-црните“ предводени од одличниот голман Арпад Штербик кој натпреварот го заврши со 21 одбрана, и Тимур Дибиров кој постигна 11 голови ги освоија посакуваните три бода кои може да бидат и решавачки во натамошниот дел од сезоната во групната фаза.

Вардар имаше добар почеток, но по водството од 2:0 им ја препушти иницијативата на домаќините. Целје со серија од 5:1 поведе со 6:3, а подоцна имаше и 11:5 што беше нивна најголема предност. Вардарци по тајм-аутот на тренерот Раул Гонзалес ги консолидираа своите редови и на полувреме се отиде со нерешен резултат 12:12.

Во вториот дел Целје повторно го презеде водството кое во еден момент изнесуваше 19:16. Тогаш Вардар заигра поцврсто во одбраната, Штербик продолжи со извонредните одбрани, а во нападот Дибиров, Алекс Душебаев и Немања Прибак беа незадржливи за конечни 27:26 за македонскиот вицепрвак.

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, тимот на Металург, вечерва од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“  во Скопје го пречекува ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он