Шпилер потпиша за Металург

Од:

Словенецот Давид Шпилер е најновото засилување на ракометниот клуб Металург.

32-годишниот Словенец е задоволен од неговиот нов ангажман.

– Во Металург добро се работи, има млади играчи, се игра во Лигата на шампионите, има многу предизвици и тоа е одличен клуб, со богата историја. Таков клуб не може да си дозволи ништо друго освен да има високи амбиции, а сето тоа ми беше и еден од условите. Јас секогаш целам високо. Јас сум победник, не сакам да губам и тука не дојдов да губам, туку дојдов да победувам, а имаме екипа за тоа, изјави Шпилер за клупската веб страна на металурзите.

Тој веќе тренира во „Автокоманда“, а од новите соиграчи во минатото настапувал со Марко Матиќ (во Загреб) и со Јанко Божовиќ (во Мешков Брест).

– Тимот уште не го запознав добро, но можам да кажам дека младите се многу талентирани. Ниту една земја во Европа нема толку добри домашни играчи колку што ги има Македонија. Сигурен сум дека со секој натпревар ќе бидеме се подобри. Не би се ставал себеси во прв план, тимот е важен, а како ќе расте тој, така ќе растам и јас. Се радувам и на соработката со Лино Червар, кој е голем стручњак, истакнува досегашниот член на белорускиот првак Мешков Брест.

Шпилер во кариерата играше за Тржич, Преддвор, Шкофја Лока, Превент, Цеље, Копер, Загреб и за Мешков Брест, а за репрезентацијата на Словенија одигра 120 меча и постигна 278 гола.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир