Бранителот на титулата на Вимблдон, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, рутински се пласираше во третото коло откако денеска го совлада Австралиецот Александар Вукиќ со резултат 3:0 за еден час и 51 минута.
Алкараз имаше неколку проблеми само во првиот сет, во кој и двајцата тенисери направија по два брејка, па сетот отиде во тај-брејк, кој сепак го доби Шпанецот.
Во следните два сета бранителот на титулата доминираше и лесно стигна до третото коло, во кое ривал ќе му биде Френсис Тијафо, кој рутински го совлада Хрватот Борна Ќориќ со резултат 3:0 (7:6(7:5), 6. :1, 6:3).