Шпанскиот тенисер Карлос се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако денеска во третото коло го совлада Американецот Френсис Тијафо со 5:7, 6:2, 4:6, 7:6 (7:2), 6:2.
Натпреварот траеше три часа и 53 минути. Алкараз е трет тенисер во светот, додека Тијафо е 29. на АТП листата.
Шпанецот ја извојува втората победа во четвртата средба со Американецот.