Шпанската полиција откри работилници за правење копии на луксузни автомобили

Од:

Шпанската полиција разби две илегални работилници, во кои обични автомобили биле трансформирани во луксузни возила како Ферари и Астон Мартин, а потоа ги продавале на интернет по цена од 40.000 евра.


Оригиналните автомобили на компаниите како Ферари и Астон Мартин чинат околу 200.000 евра.


Во акцијата се уапсени вкупно осум лица. Пет од нив се уапсени во Валенсија, во западниот дел на Шпанија, а три во Мадрид.


Работилниците биле во регионот на Валенсија, во селата Алгемеси и Албалат дел Сорелс. Конфискувани се 19 возила, 17 копии на Ферари и 2 на Астон Мартин.


Според полицијата возилата, продавани како луксузни, многу добро ги копирале оригиналите како во дизајнот, така и во однос на деталите на моторот. Сепак клиентите на криминалната група, биле информирани дека не купуваат оригинален автомобил.


Акцијата е спроведена по жалба на Ферари, откако забележале дека на Интернет се нуди имитација на еден од моделите на компанијата.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on