Шпанија завеана во снег, неизвесно дали ќе се играат некои средби во Ла Лига викендов

Од:

Саботните натпревари Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао и Осасуна – Реал Мадрид би можеле да бидат одложени поради снежното невреме што зафати големи делови на Шпанија.

Најпогодена е престолнина Мадрид, јавуваат попладнево локалните медиуми, наведувајќи дека станува збор за најобилни снежни врнежи во последната деценија.

Под снег се стадионите на Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Рајо Ваљекано и Хетафе, а сите натпревари на мадридските младински екипи претстојниот викенд се откажани.

Според метеоролозите, температура во Мадрид ноќта меѓу петок и сабота ќе се спушти до минус шест степени Целзиусови, а интензивни врнежи од снег ќе продолжат во следните 24 часа.

Под обилни снежни врнежи е и Памплона, на северот на земјата, што го доведува во прашање гостувањето на актуелниот првак Реал против Осасуна.

-Не знаеме што ќе биде. Ние попладнево заминуваме (за Памплона) и се подготвуваме како и секогаш. Доколку има одлука да се игра, ние ќе играме, но во секој случај тоа би бил еден поинаков натпревар, изјави тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он