Младата македонска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир.
Избраниците на селекторот Илија Темелковски немаа никакви шанси за изненадување во дуелот против силната Шпанија, селекција која важи за еден од фаворитите за освојување на шампионскиот трофеј.
По само 14.минути игра „црвената фурија“ веќе имаше предност од пето голови (10:5) која до полувремето ја зголеми на 10 (18:8). Во вториот дел младите Шпанци рутинирано го одржуваа, но и зголемуваа водството кое на крајот изнесуваше 11 гола разлика за конечни 36:25.
По овој пораз, но имајќи го предвид и нерешениот резултат на првиот меч во групата меѓу Тунис и Русија кои одиграа 29:29, на Македонија ќе и треба нерешен резултат утре во дуелот од последното коло против Бразил кој, пак, вечерва во меч против Буркина Фасо важи за апсолутен фаворит.
На табелата прва е Шпанија со максимални 8 бодови, пред Тунис 5, Македонија 4, Русија 3, Бразил 2 бода, а последнопласирана е селекцијата на Буркина Фасо без освоен бод.
Пласман во следната, осминафинална рунда, ќе обезбедат четирите првопласирани селекции.