Ракометарките на Шпанија и на Норвешка со максимални три победи ја завршија првата фаза од Европското првенство во ракомет за жени што се одржува во Унгарија и Хрватска.
Шампионатот синоќа заврши за Русија и за Украина откако ги освоија последните места во своите групи.
Во Ѓер во рамките на 3-то коло од А групата, Шпанија го победи кодомаќинот Унгарија со 27:26, додека Полска беше подобра од Русија со 29:26. Шпанија освои 6 бодови, Унгарија 3, Полска 2, Русија 1.
Во групата Б во Дебрецин, Романија ја победи Украина со 23:22, додека Норвешка беше поуспешна од Данска со 27:21. Норвешка заврши со 6 бодови, Данска и Романија со по 3, Украина без бод.
Во ново формираната група 1 што ќе се игра во Дебрецин, Шпанија и Норвешка ќе пренесат по 4 бодови, Унгарија 2, а Данска и Романија по 1, а без бод ќе стартува Полска.
Попладнево се играат натпреварите од 3-то коло од групите Ц и Д. Во Вараждин кодомаќинот Хрватска ќе игра против Холандија, а Шведска за противник ја има Германија. Во групата Д во Осиек двојките се: Црна Гора – Франција и Србија – Словачка.