Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

Од:

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, загуби за првпат во својата кариера во првиот натпревар на Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ беше поразен од Дино Прижмиќ со резултат 2:6, 6:2, 6:4 во второто коло од споменатиот турнир, што е прв натпревар на Новак, бидејќи беше слободен во првото коло.

По најголемата победа во неговата кариера, Прижмиќ рече: „Тешко е да се каже нешто, имам голема почит кон Новак, кој е мој идол. Играв феноменално, сакам да се фокусирам и да бидам подготвен за следниот натпревар. Во првиот сет, тој беше неверојатен, а потоа реков дека морам да сменам нешто. На крајот од вториот сет, се обидов да ја пронајдам својата игра и беше како што треба. Ќе се обидам да се подготвам што е можно подобро за следниот натпревар и да победам“.

Рим е еден од мастерсите на кои Новак забележа феноменални резултати во текот на целата своја кариера.

Тој го крена пехарот тука шест пати во 2008, 2011, 2014, 2015, 2020 и 2022 година.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он