Австријката Никол Шмидхофер приреди изненадување и го освои спустот во Лејк Луис (Канада), дел од Светскиот куп.
Второто место беше швајцарката Мишел Жизин, а на третото заврши германската скијачка Кира Видл.
Освојувачот на Големиот кристален глобус, Микаела Шифрин беше деветта, но остана на врвот во генералниот пласман. Кралицата на брзите дисциплини, Линдзи Вон не учествуваше поради повреда.
Победата на Шмидхофер може да се смета за сензационална, бидејќи најголем успех досега се две трети места.