Австриецот Грегор Шлиренцауер, победи на натпреварот во ски летови, кои се одржаа на леталницата во норвешкиот Викерсунд.
Шлиренцауер ја забележа 46-та победа во кариерата, со што го израмни рекордот на легендарниот Мати Никенен.
Австриецот до победата стигна со скоковите од 216,5 и 240 метри, со кои освои 418,7 бодови. Швајцарецот Симон Аман го освои второто место, додека актуелниот светски првак во ски летови, Роберт Крањец го освои третото место.
Благодарение на шестата сезонска победа, Шлиренцауер ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Андрес Бардал. Австриецот има 940 бодови, 197 повеќе од бранителот на Кристалниот глобус.