Австриецот Грегор Шлиренцауер е победник на второто натпреварување во скијачки скокови во новата сезона кое се одржа во Лилехамер.
Австриецот во двете серии забележа скокови од 141 и 137 метар и за само еден поен повеќе триумфираше пред Андерс Фанемел од Норвешка, кој беше водечки по првата серија.
Третото место му припадна на Томас Моргенштерн додека четврти беше Андерс Јакобсен.
Светскиот куп во скијачки скокови продолжува следниот викенд со натпреварувањата во финскиот зимски центар, Лахти.