„Шлаканица“ за Синер, исфрлен е од конкуренција за спортист на годината

Од:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да биде избран за спортист на годината во организација на престижната фондација Лауреус, која реши да го исфрли од конкуренција поради допинг скандалот.

Фондацијата Лауреус, која секоја година доделува вредни награди на спортистите кои ги одбележаа изминатите 365 дена, одлучи да ја повлече кандидатурата на Синер за „Спортист на годината“. Оваа одлука ја донесоа поради тримесечната суспензија на Италијанецот поради допинг.

Директорот на Фондацијата Лауреус, Шон Фицпатрик издаде соопштение и ја објасни одлуката што ја донеле поради Sinner.

„По разговорите со Академијата „Лауреус“, беше одлучено да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината. Го следевме неговиот случај, одлуките на светските тела и веруваме дека тримесечната суспензија ја оневозможува кандидатурата. Јаник и неговиот тим се информирани“, стои во соопштението потпишано од директорот Фицпатрик.

Би можело да ве интересира

Синер го победи Алкараз по голема борба и го освои финалниот Мастерс во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Торино

Синер изгуби два милиони евра

А1он

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето за 59 минути

Ѓоковиќ поразен од Синер седми пат по ред

Италијанскиот тенисер Јаник Синер победи на турнирот во Пекинг