Шкупи убедливо го совлада Пелистер со 5:2 во заостанатиот натпревар поради труењето со храна на играчите на битолскиот клуб од 26 коло во Првата македонска фудбалска лига.
Играч на натпреварот во Чаир беше Баже Илијоски кој постигна хет-трик за Шкендија, а во скопскиот клуб дојде од Пелистер.
Ален Јашароски уште во петтата минута донесе водство за Шкупи, а Илијоски во 12 минута зголеми на 2:0.
Пелистер со голот на Петар Љамчевски во 18 минута намали на 2:1, но Илијоски во 32 минута ја зголеми предноста на 3:1.
Во почетокот на второто полувреме, Илијоски во 48 минута беше прецизен за 4:1, а Ристе Маркоски во 67 минута реализираше пенал за Пелистер и намали на 4:2. Конечниот резултат (5:2) го постави Бунјамин Шабани во 76 минута.
Шкупи со победата се искачи на шестото место со 42 поени, а Пелистер останува на дното од табелата со 31 поен.