Фудбалерите на Шкупи обезбедија опстанок во Првата фудбалска лига откако во двата бараж дуела постигнаа победи против второлигашот Новаци. Попладнево во Штип, Шкупи го победи Новаци како гостин со 3:1.
Фудбалерите на Шкупи со вкупен резултат 7:2 (првиот дуел заврши 4:1) изборија опстанок во најквалитетното фудбалско натпреварување.
Со овој натшревар заврши фудбалската сезона во Македонија, а покрај Шкупи кој обезбеди опстанок нови прволигаши во сезоната 2017/18 ќе бидат екипите на Академија Пандев и Скопје.