„Шкода“ за 2016 година подготвува нов СУВ

Од:

Кон крајот на 2016 година на патиштата ќе се појави големиот СУВ на компанијата „Шкода“, за кој се зборува веќе некое време.

Извори од „Шкода“ за „Ауто Екпрес Магазин“ изјавија дека целиот проект добро напредува и дека компанијата полага големи надежи во моделот, за до 2018 година да ја достигне целта од 1,5 милиона продадени возила на глобално ниво.

Возилото ќе доаѓа во верзии со пет или седум седишта, а според цената треба да биде во рангот на моделите „Киа Соренто“ и „Хјундаи Санта Фе“.

Како што наведуваат во „Шкода“, новиот модел ќе биде „вистински теренец“ со кој ќе може, според перформансите, на непристапните терени да се натпреварува и со „Ланд Ровер“.

Што се однесува до изгледот, овој СУВ ќе се препознава според некои елементи на „Јети“, но и на новиот „Суперб“.

Под хаубата ќе биде технологијата што е позајмена од „сестринските модели“ од „Фолксваген“ групацијата, на пример, од „Туарегот“.

„Шкода“ сака амбициозните планови да ги реализира со зголемен удел на пазарот во буквално секој сегмент и во секое место на планетата каде делува, а дека оваа стратегија функционира покажува нагорната линија во последните години.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ