Шкода Суперб автомобил на годината во Македонија

Од:

Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија одлучи титулата за 2016 година да ја понесе Шкода Суперб.

Чешката лимузина Суперб извојува тесна победа со освоени три гласа, а веднаш до неа се пласира СУВ изведбата на Кореанците – Хјундаи Туксон, со два гласа. Четворицата членови на жирито ги поделија гласовите по два за двата првопласирани автомобили, а третиот глас, Шкода Суперб го доби од публиката, односно преку он-лајн гласањето, каде освои 955 гласа, далеку пред останатите финалисти: Опел Астра – 535, БМВ Х1- 306, Хјундаи Туксон -299, Ленд Ровер Дискавери Спорт -157, Јагуар ХЕ- 105 Мазда- ЦХ3 -87.

Жирито реши на БМВ Х1 да му ја додели титулата СУВ на годината 2016 во Македонија.

Наградата се доделува поради новитетите што ги понуди, меѓу кои за прв пат Баварците лансираат изведба со преден погон и што во дизел изведба, може да се добие по цена пониска од 30 илјади евра.

Поради афирмација на Македонија во регионот жирито годинава му додели признание на Еуроимпекс, Скопје овластен увозник на автомобилите од програмата на Пежо во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ