Чешката фабрика „Шкода“ ќе почне со производство на теренски возила, најави раководството на најголемата автомобилска индустрија во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, новата шкода би требало да го пополни празното место меѓу „Фолксваген Туарег“ и „Тигуан“.
СУВ автмобилот ќе има четири цилиндричен мотор и седум места за седење, а според најавите нема да биде поскап од моделот „Суперб“.
Љубителите на „Шкода“, како што се зборува, ќе можат да дочекаат и помала верзија од моделот „Јети“, односно очекуваниот модел „А Плус“.