„Шкода“ објави фотографии на автомобилот „Рапид Спорт“

Од:

Чешката автомобилска индустрија „Шкода-Ауто“ денеска објави фотографии на надворешниот изглед на новиот модел на спортскиот автомобил „Шкода Рапид Спорт“, додека изгледот на ентериерот е се уште тајна, јави дописникот на МИА од Прага.

Објавениот модел во металик црвена боја е поставен на 19-инчни алуминиумски тркала со атрактивен дизајн. Ксенон светлата со ЛЕД дневни светла се во облик на лента.

На предницата има различен спојлер, поголем отвор за воздух, како и поцврсти браници и странични прагови.

На задниот дел на автомобилот се наѓа отпорен браник со две интегрирани издувни цевки. Задните светла во облик на типична буква С се во различна боја, воланот е со спортски облик.

skoda-rapid1

Иако нема информација за моторот, се претпоставува дека е 1.2 ТСИ, кој во посилната верзија на сериското происводство на „рапид“ произведува 77 киловати или 105 коњи.

– Во овој момент не планираме сериско производство на „Рапид Спорт“, изјави за порталот „Новинки“, Витезлав Пелц од службата за информирање на „Шкода“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on