Шкода објави фотографии и детали од новата генерација на моделот Јети

Од:

Шкода објави официјални фотографии и детали од освежениот модел Јети, што ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт.

Највпечатливи се промените во предниот дел на возилото, каде маската и логото на ладилникот се во согласност со најновата генерација модели на Шкода, како што се Рапид и Октавија 3.

Шкода Јети 2014 има нови би-ксенон светла и дневни ЛЕД светла.

Новата генерација на Јети ќе биде понудена во две стилски различни верзии, една за теренско возење надвор од град и друга првенствено наменета за урбан стил на возење.

Достапни ќе бидат три бензински мотори и четири дизел мотори, чија моќност ќе се движи од 105 коњски сили во 1,2 ТСИ моделот до 170 коњски сили во моделот со 2,0 литарски ТДИ дизел мотор.

Силата ќе се пренесува преку шестстепен мануелен менувач или седумстепен автоматски ДГС менувач.

Најштедлив е ГринЛајн моделот опремен со 1,6 литарски ТДИ мотор со 105 коњски сили и погон на предните тркала. Во комбинација со мануелен менувач овој модел има потрошувачка од 4,6 литри на 100 километри и емисија на штетени гасови од 119 грама на километар.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on