Чешката автомобилска индустрија „,Шкода Ауто“ првпат ја покажа втората каросериска верзија на автомобилот „Рапид“, јави дописникот на МИА од Прага.
Моделот „Рапид Спејсбек“, што ќе почне да се продава од октомври, има иста техника и мотори како „Рапид лифтбек“, но има разлика во задниот дел, што е пократок за 18 сантиметри.
Иако на прв поглед автомобилот, се чини, попрактичен, сепак багажникот, што има волумен од 415, односно 1.380 литри е помал од стандардниот модел на ,,Рапид”.
„Рапид Спејсбек“ во Европа ќе се нуди со четири бензински и два дизел мотора. Новина е, панорамскиот покрив кој е тониран и продолжува на задните стакла.
Цената, се уште, не се објавува, иако се претпоставува дека ќе чини најмалку 10.000 евра. Се очекува моделот да биде омилен во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Шведска, Финска и Норвешка.