Шкендија убедливо ја совлада Беласица

Од:

Македонскиот првак Шкендија ја совлада струмичка Беласица со 4:1 попладнево во Тетово во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица по само десет минути игра со голот на Ирфан Вусљанин поведе со 0:1.

Иако домаќините настапија со комбиниран состав поради реваншот против Розенборг, на крајот сепак целта ја оствариja, а играч на натпреварот беше Изаир Емини кој постигна хет-трик за Шкендија.

Емини беше прецизен во 35-та минута за израмнување од 1:1, а четири минути подоцна Жуниор и донесе водство на Шкендија од 2:1.

Во второто полувреме Емини постигна уште два гола за убедлива победа на актуелниот шампион од 4:1.

Шкендија по два реми натпревари успеа да стигне до првата победа во новата прволигашка сезона.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он