Со натпреварот кој се одигра попладнево на стадионот Чаир во Скопје меѓу Шкупи и Шкендија беше комплетирано 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Дуелот кој беше одигран денеска по барање на тетовци, а поради настапот во Лига Европа, заврши со победа на Шкендија со 3:0. Головите за тетовската екипа ги постигнаа Арменд Алими (49.минута), Бесарт Ибраими (62) и Марјан Радески (79).
На натпреварите кои беа одиграни во текот на изминатиот викенд, беа постигнати овие резултати: Ренова – Силекс 0-3, Академија Пандев – Скопје 2-0, Пелистер – Работнички 1-1 и Вардар – Победа 4-0.
Табела: Шкендија 6 бодови, Силекс 6, Академија Пандев 4, Пелистер 4, Вардар 3, Работнички 2, Шкупи 1, Ренова 1, Скопје 0 и Победа 0.