Шкендија шест натпревари домаќин без публика

Од:

Тетовска „Шкендија“ следните шест натпревари како домаќин ќе ги одигра без присуство на публика откако Дисциплинската комисија на ФФМ го казни овој клуб.

Казната е како резултат на инцидентите што се случија за време на реванш полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар, кога по конфликтот меѓу двајцата капитени Бобан Грнчаров и Ферхан Хасани на терен влегоа дел од навивачите.

Судијата на натпреварот Александар Ставрев го прекина дуелот, а нешто подоцна продолжи. Висината на казната е како предупредување до тетовскиот клуб дека вакви случки можат да донесат и инцидент од далеку поголеми размери.

Ова значи дека утрешниот дерби дуел од првенството меѓу Шкендија и Вардар ќе се игра без гледачи, како и сите натпревари на Шкендија до крајот на шампионатот. Воедно, казната ќе биде и за првиот дуел од новото првенство.

Шкендија има право на жалба, но казната може да биде само намалена.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он